• понеделник, 23 декември 2024

Средба на министерот Шаќири со проректорот на Тетовскиот универзитет, Вулнет Амети

Средба на министерот Шаќири со проректорот на Тетовскиот универзитет, Вулнет Амети
Скопје, 1 март 2022 (МИА) -  Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска во МОН имаше средба со проректорот за образование на Универзитетот во Тетово, проф. д-р Вулнет Амети, на која разговараа за наставната и научно-истражувачката активност на ДУТ и неговите заложби за континуирано создавање  студенти кои ќе бидат добро подготвени за брзо вклучување во општествените процеси. -Секоја дополнителна поддршка од институциите на системот е добредојдена, ќе ја зголеми мотивацијата за работа и ќе помогне во надминувањето на предизвиците со кои се соочува установата. Министерот Шаќири на средбата изрази уверување дека високообразовните установи во иднина ќе добиваат се поголема поддршка, како од финансиски аспект, имајќи предвид дека постојано ќе се зголемува и вкупниот буџет на МОН, така и од аспект на обезбедување нов дополнителен кадар кој ќе се вклучи во наставната и научната дејност, соопшти Министерство за образование и наука. Проректорот Амети се заблагодари за досегашната соработка со МОН и, како што информира МОН, изрази очекувања таа во иднина уште повеќе да се продлабочи. На министерот за образование и наука Амети му додели монографија која го опишува развојниот пат на високообразовната установа во изминатите 27 години. хс/сп/

Остани поврзан