• четврток, 26 декември 2024

Средба на министерот Шаќири со претседателот на Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност Серафимовски

Средба на министерот Шаќири со претседателот на Националниот Совет за високо образование и научно-истражувачка дејност Серафимовски
Скопје, 10 февруари 2022 (МИА) - Препознавање и искористување на сите можни расположливи ресурси во насока на унапредување и развој на високото образование и науката во земјава, денеска беше тема на разговор на првиот работен состанок на министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и претседателот на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, Тодор Серафимовски. На средбата Шаќири и Серафимовски разговараа за продолжување на веќе воспоставената успешна соработка, помеѓу МОН и Советот, со цел да се постигнат што подобри резултати во работењето на високообразовните и научните установи. -Министерот Шаќири на средбата истакна дека МОН е подготвено да биде безрезервна поддршка на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, бидејќи е од огромно значење и затоа што неговите членови работат на обезбедување, оценување, развој и унапредување на квалитетот во високото образование и научно-истражувачката дејност во државата и нивно целосно ставање во служба на општеството и неговиот развој, соопшти МОН. Националниот совет има обврска еднаш годишно да ги информира Собранието и Владата за предлог-мерките, решенијата и препораките што ги дал за подобрување на високообразовната дејност. Се формира согласно Законот за високо образование и е составен од 15 члена – 12 професори, и по еден член од МАНУ, од деловната заедница и од студентите.вј/дма/

Остани поврзан