Средба на министерот Спасовски со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Која
- Во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денеска се одржала работна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопј

Скопје, 25 јули 2022 (МИА) - Во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија денеска се одржала работна средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадор Клеменс Која.
На средбата, информираа денеска од МВР, двете страни изразиле задоволство од досегашната успешна долгогодишна соработка и дискутираа за напредокот во реализирањето на заедничките проекти.
- Притоа, беше потврдена важноста на нашето сериозно партнерство кое се рефлектира и во фазата на подготовка на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, се наведува во соопштението од МВР.
Министерот Спасовски ја потврдил и отвореноста за продолжување на заедничките активности во насока на целосно исполнување на зацртаните иницијативи. цр/ац/
