• среда, 25 декември 2024

Средба на министерот Спасовски со новоименуваниот јапонски амбасадор, Оцука Казуја

Средба на министерот Спасовски со новоименуваниот јапонски амбасадор, Оцука Казуја

Скопје, 19 јуни 2023 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари протоколарна средба и му посака добредојде во земјава на новоименуваниот амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја.

На средбата, како што соопшти МВР, министерот Спасовски и амбасадорот Казуја меѓу другите теми од заеднички интерес разговараа и за  соработката помеѓу  нашите две пријателски земји како и за безбедносната состојба во нашата земја, при што од страна на јапонскиот амбасадор Казуја беше изразено задоволство  што може да престојува и работи во земја која се смета за најбезбедна земја во регионот на Западен Балкан.

Двајцата соговорници, како што е наведено во соопштението, изразија подготвеност за продлабочување на соработката во конкретни области од заеднички интерес за двете земји. дма/аа/

 

Фото: МВР

Остани поврзан