• петок, 22 ноември 2024

Средба на министерот Муртезани со в.р во Амбасадата на Република Кореја, Чо Џи И

Средба на министерот Муртезани со в.р во Амбасадата на Република Кореја, Чо Џи И

Скопје, 20 ноември 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имал средба со вршителот на работи во Амбасадата на Република Кореја во Република Северна Македонија со седиште во Софија,Чо Џи И, по повод преземањето на донацијата од корејскиот народ.

Од Министерството за европски прашања соопштија дека донацијата што е дел од грантовата помош за проектот „Зајакнување на капацитетите на Министерството за европски прашања“, вклучува возила, ИТ и канцелариска опрема во износ од околу 27 милиони денари, а ќе овозможи унапредување на техничките и административните капацитети на Министерството.

Министерот Муртезани изразил благодарност до Чо Џи И и Амбасадата на Република Кореја за оваа донација што претставува одраз на поддршката што корејскиот народ ја дава за реформските процеси и институционалното јакнење.

- Муртезани истакна дека иако билатералната соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Кореја сè уште е на почетно ниво, оваа донација претставува темел за иден развој на заемно корисни релации. Тој посочи дека ваквата помош ќе придонесе за поголема ефикасност во исполнувањето на нашите обврски во евроинтегративниот процес, како и во координацијата на донаторската помош, се наведува во соопштението.

Тој исто така изразил уверување дека оваа поддршка ќе биде искористена во целост за да ги унапреди нашите институционални капацитети и ќе придонесе кон заедничката цел – изградба на модерна, стабилна и одржлива Република Северна Македонија, подготвена да стане дел од европското семејство. цр/ев/

Фото: Министерство за европски прашања

 

Остани поврзан