• вторник, 26 ноември 2024

Средба на министерот за одбрана Владо Мисајловски со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Средба на министерот за одбрана Владо Мисајловски со в.д. амбасадорката на САД, Никол Варнс

Скопје, 14 август 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска имаше средба со в.д. амбасадорка на САД, Никол Варнс. На средбата, како што соопшти Министерството за одбрана, беше истакната исклучително блиската - стратешка одбранбена соработка меѓу двете земји, со посебен акцент на соработката со Националната гарда на Вермонт.

Се разговараше и за развојот на Армискиот полигон Криволак, во насока да стане еден од најдобрите полигони за обука за воениот персонал во Европа и за претстојните вежбовни активности на истиот во 2025 година, меѓу кои и Immediate Response дел од вежбата Defender Europe, на која ќе учествува лесната пешадиска баталјонска група.

Мисајловски на Варнс и посака добредојде во земјава и успех во работата за време на нејзиниот мандат. Воедно се заблагодари за најголемата финансиска поддршка за опрема и модернизација на Армијата од страна на САД во сите овие години, која надминува 300 милиони долари.

На средбата присуствуваа и в.д. заменик шеф на мисијата на САД, Дејвид Мајерс, одбранбеното аташе, полковникот Даниел Сквајерс и шефот на канцеларијата за соработка во одбраната, потполковник Шон Руфало. мч/са/

Фото: Министерство за одбрана

Остани поврзан