Средба на министерката Петровска со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
- Министерката за одбрана Славјанка Петровска објави на нејзиниот фејсбук профил дека имала средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.

Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Министерката за одбрана Славјанка Петровска објави на нејзиниот фејсбук профил дека имала средба со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо.
- Народна Република Кина и Северна Македонија имаат пријателски односи и успешна билатерална соработка која ќе продолжи во иднина. Се согласивме дека ситуацијата меѓу Русија и Украина треба да се реши со дијалог и заеднички искажавме заложба за трајна европска безбедност и мир, напиша министерката Петровска. цр/ац/