• сабота, 23 ноември 2024

Средба на лидерите на АПЕК виртуелно на 20 ноември

Средба на лидерите на АПЕК виртуелно на 20 ноември
Куала Лумпур, 26 октомври 2020 (МИА) - Состанокот на економските лидери на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) ќе се одржи виртуелно на 20 ноември, соопшти денеска малезиското Министерство за меѓународна трговија и индустрија. „На состанокот, кој првпат ќе се одржи виртуелно поради пандемијата на коронавирусот, ќе учествуваат лидерите на економиите на АПЕК“, се наведува во соопштението. Исто така, ќе се разгледа и придвижувањето на регионална „Пост-2020 визија“ - клучен политички документ што треба да ги замени целите на Богор, се вели во соопштението. Малезија, како главен носител на овој документ, соработува со сите економии на АПЕК за финализирање на документот во следните недели. паг/  

Остани поврзан