• понеделник, 23 декември 2024

Средба на заменик министерот за јавна администрација Јаќимоски со претставници од Евростат и ДЗС

Средба на заменик министерот за јавна администрација Јаќимоски со претставници од Евростат и ДЗС

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) -  Статусот на Државниот завод за статистика (ДЗС) во системот на државната управа, состојбата со недостаток од стручен кадар во институцијата и лавиринтот низ кој мора да помине за да може да реализира вработувања, беа тема на разговор на денешната средба на заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимовски со Жан – Пјер Понселет, директор на Директоратот за стандарди, дисеминација и соработка на Европскиот статистички систем и Клаудија Јункер, раководител на одделот Б3 во Статистичкиот завод на Европската унија – Евростат и со директорот на ДЗС Дејан Станков.

Заменик министерот истакнал дека Министерството за јавна администрација е отворено за соработка и посочил дека Законот за административни службеници и Законот за вработените во јавниот сектор се веќе објавени на ЕНЕР и по нив може да се даваат мислења и забелешки согласно потребите на Државниот завод за статистика, кои ќе бидат разгледани од страна на Министерството.

- Средбата заврши со можност за продлабочување на соработката и се дадоа неколку предлози од кои произлегува понатамошен дијалог  и состанок со работната група по однос на предлог законите, како би можеле да се слушнат потребите на Државниот завод за статистика, информираат од Министерството за јавна администрација. вј/бак/

Фото: Министерство за јавна администрација

 

 

Остани поврзан