Средба на директорот на Фондот за ПИОМ, Мемов, со шефот на Мисијата на Светската банка, Станулеску
- Како што информираат од Фондот, Станкулеску рекла дека е многу задоволна од работата на менаџментот на Фондот и од резултатите што се остваруваат во овој кус период на соработка на Мисијата со ова раководство. - Импресионирана сум од резултатите и можам само да го пофалам Фондот за оствареното. Се надевам дека ќе продолжите со ова темпо и ќе имаме добри заеднички резултати до јуни годинава кога треба да се затвори проектот СИАП, истакнала Станкулеску.
Скопје, 28 јануари 2026 (МИА) - Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување, Никола Мемов, имаше средба со Мисијата на Светската банка за имплементација на СИАП-проектот, предводена од госпоѓа Мануела Софија Станкулеску.
Како што информираат од Фондот, Станкулеску рекла дека е многу задоволна од работата на менаџментот на Фондот и од резултатите што се остваруваат во овој кус период на соработка на мисијата со ова раководство.
- Импресионирана сум од резултатите и можам само да го пофалам Фондот за оствареното. Се надевам дека ќе продолжите со ова темпо и ќе имаме добри заеднички резултати до јуни годинава кога треба да се затвори проектот СИАП - истакнала Станкулеску.
Таа исто така информирала дека Светската банка е во период на реформи поради што сите проекти треба да бидат затворени не само во Македонија туку и во другите држави во светот.

Директорот на Фондот, Мемов, ги известил членовите на Мисијата дека Одделението за долгорочно планирање е пополнето со кадар, како што беше договорено на претходните средби со Мисијата. Тој рекол дека од ноември минатата година работата е почната и е почнато со првичните обуки. Досега, како што информирал, е разгледан и совладан моделот на планирање на Светската банка.
- Во текот на наредните месеци треба да се подготви потребната програма и да се спроведат обуките со Ваша помош. Очекувам во наредниот период вработените во ова Одделение да одат во подлабоки анализи и предвидувања. Со тоа ќе имаме подобро и поточно планирање на финансиите во Фондот и нивно успешно менаџирање - истакнал Мемов.
На состанокот станало збор и за дигитализацијата на архивата на Фондот, како и за законот за М4 како дел од проектот СИАП.
Во делот на дигитализацијата на архивата било речено дека е избрана фирмата што ќе го прави скенирањето на документите.
Директорот на Фондот, Мемов, нагласил дека е неопходно да се направи и софтвер со кој овој процес ќе биде заокружен и граѓата ќе може непречено да се користи во работата на Фондот.
Во однос на законот за М4, шефот на Мисијата, Станкулеску, нагласила дека очекуваат до завршувањето на проектот во јуни годинава да биде усвоен во Собранието. сст/дма/
Фото Фонд за ПИОМ