• четврток, 26 декември 2024

Средба на градоначалникот Ганиу со британската амбасадорка, Галовеј

Средба на градоначалникот Ганиу со британската амбасадорка, Галовеј
Скопје, 7 април 2021 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу на работен состанок ја пречека амбасадорката на Обединетото Кралство во нашата земја, Рејчел Галовеј.
На амбасадорката од страна на Ганиу и биле претставен досегашните реализирани проекти, стратешкиот фокус на Општина Чаир во наредниот период, предизвиците на функционирањето и преземените мерки за сензибилизација на јавноста и подигнување на нивото на заштита на граѓаните во периодот на соочување со пандемијата на вирусот Covid 19.
Тој, соопштуваат од прес-службата на Општина Чаир, и се заблагодари на амбасадорката Галовеј и на британската Амбасада за постојаната поддршка во насока на реализација на многу проекти во служба на општото добро, посебно на проектите за спречување на насилниот екстремизам.
Амбасадорката Галовеј го изразила контруктивниот пристап на Обединетото Кралство во насока на зајакнување, посебно на локалните капацитети за поголема развојна перспектива.
По средбата, Ганиу и Галовеј ја проследиле презентацијата на реализираните активности на Акцискиот тим во Заедницата на Општина Чаир, проект имплементиран од страна на организацијата Centre for Common Ground и поддржан од страна на Амбасадата на Обединетото Кралство. фф/ац/

Остани поврзан