Средба на генералната секретарка Димовска со претставници на Вестминстер
- Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, заедно со замениците на генералниот секретар, Бобан Стојаноски и Никола Ѓошевски, денеска остварија средба со директорката на Фондацијата за декократија на Вестминстер, Дона Костуранова и раководителот на програми - Петар Трајков.
Скопје, 23 август 2024
Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, заедно со замениците на генералниот секретар, Бобан Стојаноски и Никола Ѓошевски, денеска остварија средба со директорката на Фондацијата за декократија на Вестминстер, Дона Костуранова и раководителот на програми - Петар Трајков.
На средбата се разговараше за досегашната успешна соработка, но и за продолжување на истата преку програми и проекти кои ќе бидат во интерес на Собранието, собраниската служба, како и во процесите на доближување на Собранието до граѓаните.
Дополнително, беше договорено во наредниот период да се интензивира соработката помеѓу Фондацијата за демократија на Вестминистер и Собранието, преку конкретни проекти во законодавниот дом, сѐ со цел постигнување на поголема ефикасност во работењето на Собранието.
Собрание на РСМ
________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
фото Собрание на РСМ