• петок, 27 декември 2024

Средба на Гаши со официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје, Браун

Средба на Гаши со официјалниот претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје, Браун

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Мислења за политичките процеси во земјава и во регионот и за чекорите во однос на евроинтеграцијата, размениле денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на средбата со Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Скопје.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на средбата присуствувала и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска. 

Заблагодарувајќи се за досегашното учество и придонес на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во зајакнувањето на демократските процеси во нашето општество, Гаши изразил интерес за продлабочување на соработката и со конкретни проекти во законодавниот дом. 

Како што се посочува во соопштението, соговорниците разговарале и за можните чекори за зајакнување на транспарентноста на Собранието и за неговата отвореност кoн граѓаните. Се осврнале и на можностите за засилување на улогата на законодавната власт во процесите што водат кон полноправно членство на земјата во Европската Унија. 

На средбата, како што се наведува во соопштението, е разговарано и за соработката на Собранието на Република Северна Македонија со германскиот Бундестаг. фф/ац/

Фото: Собрание

Остани поврзан