• среда, 15 јануари 2025

Средба на Гаши со грчката амбасадорка Софија Филипиду

Средба на Гаши со грчката амбасадорка Софија Филипиду

Скопје, 14 јануари 2025 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава, Софија Филипиду. На средбата биле разменети мислења за можностите на унапредување на билатералната парламентарна соработка на сите нивоа, но и за евентуалните потреби од преземање чекори за збогатување на соработката на други полиња од заемен интерес меѓу двете држави.

Како што соопштија од Собранието, амбасадорката Филипиду информираше за актуелните случувања во Република Грција и постапката за избор на претседател на државата, кој, согласно Уставот, се врши со избор во Грчкиот парламент. Изразила очекување дека по заокружувањето на овој процес, ќе може да се посвети повеќе внимание на отпочнување подинамична соработка со грчките колеги.

-Претседателот Гаши, поздравувајќи го одржувањето на оваа средба, ја искажа својата целосна отвореност за заемни посети со хомолозите од Грчкиот парламент, но и на ниво на комисии и групи за соработка кои во текот на сите изминати мандати, изразуваат интерес за конкретна соработка, особено на поле на европските интеграции, соопштија од Собранието. бт/дма/

Фото: Собрание

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан