• петок, 05 декември 2025

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбиа

Средба на вицепремиерот и министер Стоилковиќ со постојаниот координатор на ОН, Рита Колумбиа

Скопје, 23 јули 2025 (МИА) – Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со постојаниот координатор на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбиа.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на Стоилковиќ, средбата се одржала во конструктивна атмосфера, при што биле разменети мислења за низа актуелни теми, со фокус на политичките и економските предизвици, како и унапредувањето на меѓуетничките односи во државата.

Вицепремиерот Стоилковиќ го истакнал значењето на долгогодишната поддршка од Обединетите нации и ја изрази благодарноста за нивниот придонес во развојните и интегративните процеси на земјата.

-Соговорниците разговараа и за тековните активности и проекти што се реализираат со поддршка на агенциите на ОН, при што беше нагласена одличната институционална соработка на сите нивоа и во различни области. На крајот од средбата, беше изразена заедничка подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката со цел поттикнување на одржлив развој, инклузија и стабилност во државата, се наведува во соопштението. ев/дма/

ФОТО: Кабинет на вицепремиерот Стоилковиќ

 

 

 

Остани поврзан