• петок, 22 ноември 2024

Средба Дурмиши - Болат во Анкара: Зајакнување на трговската соработка меѓу Турција и Северна Македонија

Средба Дурмиши - Болат во Анкара: Зајакнување на трговската соработка меѓу Турција и Северна Македонија

Скопје, 29 октомври 2024 (МИА) - Трговските и економските односи помеѓу Турција и Северна Македонија, биле тема на разговор на денешната средба во Анкара на министерот за економија и труд Бесар Дурмиши со турскиот министер за трговија Омер Болат.

На средбата, како што соопшти, Министерството за за економија и труд, двајцата министри се осврнале на можностите за соработка меѓу двете земји, а бил упатен и апел за зголемување на инвестициите.

Министерот Дурмиши на состанокот информирал дека Република Турција е меѓу нашите најзначајни трговски партнери и земја која континуирано инвестира во македонската економија во разни сектори како стратешки инвестициски партнер.

-Податоците за трговска размена покажуваат дека Република Турција минатата година е рангирана на седмото место на листата на земји со кои Република Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Се надевам дека во наредниот период оваа соработка дополнително ќе се продлабочи, истакнал министерот Дурмиши.

Двајцата министри разговарале и за поголемо учество на турските фирми во македонски инфраструктурни и енергетски проекти во насока на зголемување на инвестициите во Северна Македонија. дма/са/

Фото: Министерството за економија и труд

Остани поврзан