• петок, 22 ноември 2024

Средба за соработка помеѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ

Средба за соработка помеѓу Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 25 мај 2024 (МИА) - Во просториите на Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“ вечерва, како што информираат од партијата, се одржала средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ и на ВМРО –ДПМНЕ, на која се разговарало за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка. 

Од страна на Движењето ЗНАМ на средбата присустувале генералниот секретар, Горан Минчев и потпретседателоте Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски, додека од стран ана ВРМРО-ДПМНЕ, потпреседателите на партијата Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.

- Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ, како што информираат, инсистирале сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма. аа/

Фото: ЗНАМ

Остани поврзан