• среда, 25 декември 2024

Средба Заев - Шидер: Поддршка за политиките на дијалог и очекувања сите политички субјекти да придонесат за ефикасен Парламент

Средба Заев - Шидер: Поддршка за политиките на дијалог и очекувања сите политички субјекти да придонесат за ефикасен Парламент
Скопје, 5 мај 2021 (МИА) - Премиерот Зоран Заев и австрискиот европратеник Андреас Шидер на денешната средба ги поздравија политиките на дијалог и констатирано дека е потребно сите политички субјекти да овозможат ефикасност на Парламентот со цел реализација на реформските процеси важни за европските интеграции, како и решавање на потребите на граѓаните во здравството, економијата и други важни области, соопштија од Влада. Премиерот Заев го информира Шидер дека Владата е силно посветена на владеењето на правото и на неселективна борба против криминалот и корупцијата, како и на почитување на еднаквоста во државата во сите сегменти од општественото живеење. Тој изрази благодарност до Европскиот парламент, земјите членки на Европската унија и до Австрија за поддршката што ѝ ја даваат на нашата држава во процесот на евроинтеграциските аспирации. см/сп/

Остани поврзан