• сабота, 23 ноември 2024

МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи

МВР: Од 8 до 19 часот денеска може да се подигнат лични документи

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Од 8 до 19 часот денеска ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

- Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан