• сабота, 06 декември 2025

Срдечни честитки од Свештената бигорска Обител за изборот на г.Георгиј

Срдечни честитки од Свештената бигорска Обител за изборот на г.Георгиј

Дебар, 12 јуни 2025 (МИА) - Свештената бигорска Обител предводена од  епископ Антаниски г. Партениј, му го честиташе изборот на новиот митрополит Дебарско-кичевска епархија Високопреподобниот игумен о. Георгиј.

Денешната редовна седница на целосниот состав на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, за нов митрополит на овдовената Дебарско-кичевска епархија беше избран Високопреподобниот игумен о. Георгиј.

-Почитувајќи ја одлуката на Светиот синод, нашето монашко братство, предводено од Старецот, Епископот Антаниски г. Партениј, му упатува срдечни честитки на новоизбраниот и молитвени благопожелби за богоблагословено архипастирско служење, исполнето со просветление, мудрост и пожртвувана љубов кон Христовото словесно стадо, стои во објавата на Бигорски манастир.

Во објавата се наведува дека изборот е извршен на денешната редовна седница на целосниот состав на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. 

Исто така објавена е и кратка биографија на отец Георгиј (Ѓорѓевски).

-Наречението на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 12 јули 2025 година, на Петровден, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, а епископската хиротонија и интронизацијата за Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 13 јули 2025 година, на Павловден, во Соборниот храм на Охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид. На многаја лета!", се додава во објавата. вт

Остани поврзан