• сабота, 21 јуни 2025

Србљак елиминиран на фјучерсот во Куршумлијска Бања

Србљак елиминиран на фјучерсот во Куршумлијска Бања

 

Куршумлијска Бања, 14 мај 2025 (МИА) – Македонскиот тенисер Горазд Србљак е елиминиран во првото коло на фјучерс турнирот во Куршумлијска Бања од Бугаринот Јанаки Милев.

Србљак имаше водство против четвртиот носител, но сепак на крајот го загуби дуелот со 2-1 во сетови (2-6, 6-3, 6-1) по два часа и 13 минути игра.

Во првиот сет Србљак имаше два брејка во четвртиот и во осмиот гем што му донесоа водство од 1-0 во сетови. Во вториот сет неизвесно беше до четвртиот гем кога при резултат 2:2, Милев со серија од 4:1 во гемови го израмни резултатот на 1-1 во сетови.

Во решавачкиот сет Милев беше убедлив и со 6:1 во гемови го доби сетот и со тоа мечот.

Србљак на турнирот настапува и во конкуренција на двојки заедно со Обрад Марковски. Тие по вчерашната победа над тенисерите од Србија, Стефан Скобелев и Матеја Станисављевиќ со 2-1 во сетови (6-4, 3-6, 13-11 на поени), утре во четвртфиналето ќе играат против шпанската комбинација Карлос Гиралди и Николас Рафаел Голдберг Алвиани. ег

ФОТО: МТФ

Остани поврзан