• вторник, 17 декември 2024

Србија ја победи Канада и ќе спори со Русија за место во финалето на АТП купот

Србија ја победи Канада и ќе спори со Русија за место во финалето на АТП купот
Сиднеј, 10 јануари 2020 (МИА) - Србија се квалификуваше во полуфиналето на АТП Купот, откако ја победи Канада со 3:0. На овој начин, нашиот северен сосед ќе се соочи со Русија за место во финалето. Светскиот рекет број 2, Новак Ѓоковиќ направи пресврт и победи многу тешко против Денис Шаповалов со 4-6, 6-1, 7-6 (4). Првиот рекет на Србија донесе втор успех во сингл за својата земја во финалето против Канада во АТП Купот, испраќајќи го тимот во судир против Русија за место во финалето. Освојувачот на 77 АТП веќе има биланс од 4-0 на турнирот и ја предводи својата екипа против непоразените досега Данил Медведев и Карен Хачанов.

Остани поврзан