Србија: Приведени четворица припадници на косовската полиција
- Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи
Белград, 18 април 2024 (МИА) – Четворица припадници на косовската полиција „се приведени во средата при контрола на административниот премин, а еден од нив е задржан“, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се истакнува дека помеѓу приведените е изаменик-директор на косовската полиција, кој е задржан.
Тие се приведени при контрола на премините, поради безбедносни проверки, прецизира српското МВР. ми/
фото: МИА архива