• вторник, 17 декември 2024

Србија е првиот финалист на АТП Купот

Србија е првиот финалист на АТП Купот
Сиднеј, 11 јануари 2020 (МИА) - Србија е првиот финалист на АТП Купот по победата од 3-0 над Русија. Новак Ѓоковиќ го победи Данил Медведев во еден од најдраматичните и најубавите натпревари во три сета во последните години. Светскиот број 2 победи против Русинот со 6-1, 5-7, 6-4 по скоро три часа игра. Натпреварот во двојки на тој начин беше ирелевантен, откако Душан Лајовиќ, во првиот натпревар го изненади и го совлада Карен Хачанов со 7-5, 7-6 (1), со што и даде предност на Србија. Потоа тандемот Троицки / Чачиќ ги победи своите противници Габашвили / Кравчук со 6-4, 7-6 (7). Во финалето „плавите“ ќе се сретнат со победникот од дуелот Австралија - Шпанија. Натпреварот меѓу нив започнува подоцна.

Остани поврзан