• понеделник, 23 декември 2024

Србија: Горан Весиќ во притвор започна штрајк со глад

Србија: Горан Весиќ во притвор започна штрајк со глад

Белград, 22 ноември 2024 (МИА) - Српскиот министер во заминување Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, почна штрајк со глад, пренесува српскиот весник „Политика“.

Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените се и досегашниот министер за градежништво и инфраструктура Горан Весиќ, в.д директор на „Српска Железничка инфраструктура“ Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, в. д. помошник министер за железница и интермодален транспорт.

По веста дека е уапсен, се огласи и самиот Весиќ кој рече дека доброволно одговорил на повикот на полицијата.

„Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече Весиќ. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан