• сабота, 23 ноември 2024

Србинот Сарана европски првак во забрзан шах, Гоце Шапкароски на 218 место

Србинот Сарана европски првак во забрзан шах, Гоце Шапкароски на 218 место

Загреб, 16 декември 2023 (МИА) – Натурализираниот Србин Алексеј Сарана ја освои титулата на Европското превентивно во забрзан (рапид) шах во Загреб, а од петмината македонски шахисти најдобар пласман оствари Гоце Шапкароски на 287 место во конкуренција на 439 натпреварувачи од 40 земји.

Сребрениот медал го освои Ерменецот Хаик Мартиросијан, а бронзата Богдан Даниел од Романија.

Гоце Шапкароски по 11 одиграни партии со пет победи и две ремија освои шест бодови и се пласираше на 218 место.

Константин Лушевски со 5.5 поени се пласираше на 242 место, Емил Жежов на 338 место, Ванчо Видиќески на 344, а Јане Шапкароски на 354 место во конкуренција на 57 велемајстори и 55 интернационални мајстори.

Денеска ќе биде одиграно Европското првенство во брзопотезен (блиц) шах, а на програмата се 13 кола според швајцарскиот систем на натпреварување. ег/вг/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан