• сабота, 13 јуни 2026

СП2026: По гол и бод за Канада и БиХ

СП2026: По гол и бод за Канада и БиХ

Торонто, 12 јуни 2026 (МИА) – Воведниот натпревар во групата Б на Светското првенство меѓу домаќинот Канада и Босна и Херцеговина заврши вечерва во Торонто нерешено 1-1 (0-1).

Босна и Херцеговина поведе во 21. минута кога Јово Лукиќ со глава од непосредна близина го совлада канадскиот голман.

БиХ го одржуваше водството до 79. минута, кога Сајл Ларин им донесе израмнување на Канаѓаните.

За Канада ова беше историски прв бод на светските првенства.

Воведното коло во групата Б ќе го комплетираат Швајцарија и Катар, в сабота со почеток во 21 часот.

Во второто коло се среќаваат Швајцарија – БиХ и Канада – Катар.ег

ФОТО; ЕПА