• понеделник, 18 ноември 2024

СП 2022: Парите од продажбата на холандските дресови ќе бидат наменети за работниците мигранти

СП 2022: Парите од продажбата на холандските дресови ќе бидат наменети за работниците мигранти

Амстердам, 15 ноември 2022 (МИА) - Холандската репрезентација која ќе настапи на претстојното Светско првенство во фудбал ќе ги продаде своите дресови на аукција и приходот ќе го донира на работниците мигранти во Катар.

Кралската холандска фудбалска федерација (KNVB) соопшти дека собраните средства ќе бидат наменети за заштита на правата на работниците мигранти, правна помош и нивен личен развој, како и за финансирање на општествени активности, како на пример фудбалот.

Капитенот на холандската репрезентација Вирџил ван Дајк рече дека на сите им е јасно оти подготовките за Мундијалот имале влијание врз странските работници во Катар.

- Работеа на стадионите, на инфраструктурата и на изградбата на хотелското сместување во многу тешки услови. Тоа ќе го имаме на ум за време на сите наши активности во Катар. На сите им е јасно дека таквите услови навистина треба да се подобрат, рече Ван Дајк. ег/ми/

Остани поврзан