• среда, 27 ноември 2024

Спроведен мониторинг на кривични постапки со фокус на мерката конфискација

Спроведен мониторинг на кривични постапки со фокус на мерката конфискација

Скопје, 29 јуни 2021 (МИА) - Податоците собрани од спроведениот мониторинг на кривични судски постапки во основните судови во земјава во предмети каде постои можност да се изрече мерката конфискација денеска ќе бидат презентирани на завршна конференција.

Мониторингот е спроведен во рамки на проектот „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Северна Македонија“ на Коалицијата „Сите за правично судење“. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Како што е најавено, ќе се обратат извршната директорка на Коалицијата „Сите за правично судење“ Натали Петровска, Миле Трајковски, посебен советник на вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, правниот истражувач и експерт на Коалицијата „Сите за правично судење“ Дарко Аврамовски. Меѓу панелистите се јавниот обвинител Ленче Ристоска, проф. д-р Никола Тупанчески, директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми... мд/са/

Остани поврзан