• недела, 22 декември 2024

Спречена опасноста огнената стихија да го зафати пехчевски Црник

Спречена опасноста огнената стихија да го зафати пехчевски Црник
Пехчево, 5 август 2021 (МИА) - Мештаните на селото Црник по денешната битка со огнот заедно со екипи на ТППЕ, успеаја да го спречат пожарот на месноста Шишорката, што се закануваше да се прошири и кон селото. Според информациите од таму, сега нема закани од огнената стихија да го зафати селото. Според последните информации од терен, пожарот е локализиран на уште неколку места во пехчевско. Се уште гори над Робово, а според информациите на екипи на пожарникари од Бугарија, Словенија и од наша страна, пожарникарите се распоредени скоро на сите предели, при што огнената стихија значително е стишена, но не и ликвидирана. Патниот правец Пехчево-Делчево денеска беше забранет за сообраќај, но во моментот е прооден. вс/мч/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан