• понеделник, 27 јануари 2025

Спортскиот директор на Наполи за Гарначо: Заинтересирани сме, но нема да го преплатиме

Спортскиот директор на Наполи за Гарначо: Заинтересирани сме, но нема да го преплатиме

Неапол, 26 јануари 2025 (МИА) - Наполи нема да го преплати талентираниот крилен напаѓач Алехандро Гарначо од Манчестер Јунајтед, предупреди спортскиот директор на клубот - Џовани Мана.

Репрезентативецот на Аргентина беше поврзуван со заминување од „Олд Трафорд“, наводно привлекувајќи интерес од Наполи и Челси.

Тимот на Антонио Конте веќе го загуби Хвича Кварацхелија, кој му се приклучи на Пари Сен Жермен овој месец, а меѓу потенцијалните замени е и Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.

Мана го призна интересот, но инсистираше на тоа дека Наполи ќе достави само понуди за кои сметаат дека се вредни за „пазарна вредност“.

-Ова се две имиња за кои сме заинтересирани, тоа се играчи кои ни се допаѓаат, но тие не се единствените. Се обидуваме да оцениме неколку работи и разгледуваме опции, но сигурно нема да плаќаме цени кои се надвор од пазарната вредност. Направивме продажба која за жал беше неопходна за она што го сакаше играчот (Кварацхелија). Не би било во ред да им даваме лажна надеж на нашите навивачи, но сигурно ќе дадеме се од себе за да го подобриме тимот, изјави Мана за „ДАЗН“.

Гарначо има договор до 2028 година. а се тврди дека Јунајтед веќе одбил понуда од Наполи. Сепак, строгите финансиски мерки на „Олд Трафорд“ може да му овозможат на Наполи да го ангажира 20-годишниот играч во преостанатите денови од јануарскиот преоден рок. дс

Фото: Архива

Остани поврзан