• сабота, 23 ноември 2024

Според УЕФА, јуни е главна опција за продолжување на првенствата

Според УЕФА, јуни е главна опција за продолжување на првенствата
Нион, 31 март 2020 (МИА) – Европската фудбалска федерација (УЕФА) разгледува три варијанти за продолжување на првенствата. Според „АС“, мај, јуни и септември се можни опции, но најизгледна е јуни. Мај изгледа неверојатно за можност да заврши ширењето на коронавирус низ цела Европа, а изборот септември значи потреба од реструктуирање во следната сезона, евентуално со намалување на бројот на екипи во секоја лига, локални купови, како и со промена на форматите во европските натпреварувања. Месецот јуни останува главната опција. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин е уверен дека првенствата може да се продолжат во јуни, дури и ако натпреварите се одржат без гледачи. Во Шпанија и Италија, каде што вирусот се појави порано, се очекува обновувањето да се случи пред јуни. Во Франција, Германија и Англија, ова ќе биде потешко да се спроведе. УЕФА утре ќе одржи состанок во врска со новиот распоред на шампиони. зс/

Остани поврзан