• среда, 25 декември 2024

Според Трамп, Путин „веројатно“ е вмешан во смртта на Алексеј Навални

Според Трамп, Путин „веројатно“ е вмешан во смртта на Алексеј Навални

Вашингтон, 18 март 2024 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот лидер Владимир Путин „веројатно“ бил вмешан во смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој почина минатиот месец во казнена колонија на Арктикот, објави Политико.

- Не знам, можеби, мислам дека е можно, би рекол веројатно, изјави неповрзано републиканскиот претседателски кандидат во интервју за Фокс њуз на прашањето дали Путин е одговорен за смртта на Навални.

„Тој е млад човек, па статистички требаше да биде жив долго време... се случило нешто необично“, додаде Трамп.

Навални, кој беше водечка фигура во руската опозиција, почина на 16 февруари во казнена колонија. ЕУ и САД директно ја обвинија Русија за неговата смрт и воведоа нови санкции кон Кремљ.

Но, Трамп, кој доминираше на републиканските прелиминарни избори, досега беше мек кон Путин. Покрај тоа, Трамп постојано велеше дека ќе ја замрзне помошта за Украина и ќе го принуди Киев на преговарачка маса со Русија. Оваа негова позиција ги загрижува западните сојузници.

Тој во своето интервју за Фокс њуз рече дека се надева дека нема да мора да избира помеѓу Путин да ја „голтне“ Украина и да испрати оружје во Киев.

„Се надевам дека нема да дојде до тоа“, рече Трамп, повторувајќи дека ако тој бил на власт, оваа војна „никогаш немаше да се случи“. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан