Спомен костурницата од НОВ во Велес вечерва ќе свети во сина боја
- По повод одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, вечерва во 20 часот Спомен костурницата од НОВ во Велес ќе свети во сина боја којашто е заштитен знак на аутизмот.

Велес, 2 април 2024 (МИА) - По повод одбележувањето на 2 април, Меѓународниот ден на лицата со аутизам, вечерва во 20 часот Спомен костурницата од НОВ во Велес ќе свети во сина боја којашто е заштитен знак на аутизмот.
Покрај тоа, во исто време во Јуроп хаус во центарот на Велес ќе биде прикажана и проекција на анимации со презентација на супер хероите представени во знакот на аутизмот и ќе бидат видливи за сите минувачи од градот.
Организатори на насанот се Здружението на граѓани „ПОПО“ и Јуроп хаус Велес.
Тие потеницираат дека овие настани ги организираат со цел да им сигнализираат на останатите граѓани за поддршка и соработка со лицата со аутизам. ад/дма/
Фото: МИА архива