• вторник, 26 ноември 2024

СПМ: Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба

СПМ: Заев и Ковачевски со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба

Скопје, 17 мај 2024

Социјалистичката партија на Македонија укажува на огромните последици што ги предизвикаа владите на СДС на чело со Заев и Ковачевски со уценувачките и предавнички договори и протоколи со соседите.
Со катастрофалните политики тие ја подредија државата и ги продадоа името, јазикот и Македонските идентитетски обележја за лични интереси.

Уцените и заканите што доаѓаат од првите луѓе на јужниот и источниот сосед на Македонија се срамните последици што ги трпат граѓаните и државата на својот европски пат од нејзини изроди и предавници.
Македонскиот народ на изборите со право ги казни овие предавници и нивните медиумски слуги кои се трудат да ги одбранат од срамот и навредите што им ги приредија на граѓаните.

Промените се случија и победничката Коалиција „Твоја Македонија“ охрабрена од народната воља ќе стори се што е можно за да ги отстрани штетните последици кои се долгорочни.

Социјалистичката партија на Македонија како национално и државнички определена партија и натаму принципиелно ќе се залага и ќе се бори за јанење на Македонските интереси и идентитетски обележја кои ги признава огромниот број држави во светот членки на ООН.

СПМ

_________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан