• сабота, 23 ноември 2024

СПМ: СДСМ и ДУИ настојуваат сите незавршени работи да им ги остават на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ

СПМ: СДСМ и ДУИ настојуваат сите незавршени работи да им ги остават на техничките министри од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 1 февруари 2024 

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека СДС и ДУИ настојуваат сите неуспеси и незавршени работи да им ги префрлат и оцрнат техничките министри на ВМРО ДПМНЕ.

Претходниот министер Оливер Спасовски упорно лажеше дека има обрасци за пасоши и дека се ќе се заврши во предвдениот рок. Тоа што воопшто не планирал и не почнале на време со замена на пасошите не го прифаќаат како нивна вина туку тоа е на техичкиот министер Тошковски кој само два дена е на таа функција иако тој прави сериозни напори за решавање на состојбите.

Администрацијата цели 6 години не е реформирана, а сега се брза по итна постапка да се донесат системски закони со кои не се согласуваат синдикатите и бројни институции. Вината за тоа пак се обидуваат да ја префрлат на техничкиот министер Стефан Андоновски. 

Социјалистичката партија на Македонија оценува дека СДС и ДУИ прават се за да ја срушат довербата и интегритетот на институциите и да остават девастиран и партизиран упаравувачки апарат за да покажат дека тие биле подобри. Народот гледа и знае и нема да дозволи да биде изманипулиран и излажан „како до сега“.

Социјалистичката партија на Македонија им дава полна поддршка на министрите и замениците министри кои ја претставуваат Коалицијата "Oбнова на Македонија" и оценува дека корумпираната и криминална власт на СДС и ДУИ мора да биде поразена на мајските избори за граѓаните да изберат свои легитимни народни претставници.

Социјалистичка партија на Македонија 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото МИА архива

Остани поврзан