Спиропали – Ахмети: Во фокусот унапредување на правата на Албанците во Северна Македонија
- Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во Тирана остварил средба со претседателката на Aлбанскиот парламент, Елиса Спиропали, на која разговарале за унапредување на правата на Албанците во Северна Македонија, за кои истакнале дека „се и треба да бидат неповратни“.
Тирана, 10 декември 2024 (МИА) – Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во Тирана остварил средба со претседателката на Aлбанскиот парламент, Елиса Спиропали, на која разговарале за унапредување на правата на Албанците во Северна Македонија, за кои истакнале дека „се и треба да бидат неповратни“.
- На средбата се разговараше за конструктивен ангажман на албанските политички субјекти и Албанците во пријателската и соседна земја, за изградба на општество и целосно демократска земја, со социјална кохезија и еднаквост за сите граѓани, напиша Спиропали во објава на социјалните мрежи.
Дел од дискусијата, како што се посочува, била и „заложбата на албанскиот фактор за забрзување на членството на Северна Македонија во Европската Унија“. вт/бак/
Фото: Албански парламент