• понеделник, 23 декември 2024

Спинацола се разделува со Рома

Спинацола се разделува со Рома

 

Рим, 4 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот на Рома, Леонардо Спинацола, нема да го продолжи договорот и би можел да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок, најави денеска неговиот менаџер Давиде Липи.

Менаџерот на Спинацола категорично рече дека „нема шанси“ италијанскиот лев бек да го продолжи договорот, кој истекува во јуни.

„Ќе видиме како ќе се одвива јануарскиот преоден рок. Во спротивно, ќе замине по истек на договорот“, изјави Липи за Спортиталија.

Спинацола, кој беше дел од италијанската репрезентација која ја освои титулата на ЕУРО2022, оваа сезона го загуби првотимскиот статус кај тренерот Жозе Мурињо и се шпекулира дека до крајот на јануари би можел да се пресели во редовите на турски Галатасарај. ег/
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан