• среда, 27 ноември 2024

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија повика на итно смирување

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија повика на итно смирување

Дамаск, 6 октомври 2023 (МИА) - Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Геир Педерсен повика на итно прекинување на насилството во Сирија, по нападот врз воената академија во градот Хомс во кој загинаа повеќе од 110 луѓе.

-Денешните ужасни сцени се потсетување на потребата за итен прекин на насилството, прекин на огнот на национално ниво и кооперативен пристап во борбата против терористичките групи на списокот на Советот за безбедност, рече Педерсен.

Според него, сите страни мора да ги почитуваат своите обврски во согласност со меѓународното право и да обезбедат заштита на цивилите и цивилната инфраструктура.

-Длабоко жалам за загубата на човечки животи од двете страни. Упатувам итен апел до сите страни да обезбедат доказ за нивната воздржаност, додаде тој.

Сириската армија ги обвини терористичките организации за нападот што се случи за време на церемонијата на унапредување на офицери во Хомс, во кој „112 лица загинаа, од кои 21 цивили“, а најмалку 120 беа ранети и се закани дека „одлучно ќе возврати.

-Никој не ја презеде одговорноста за нападот, а тој е извршен „со помош на беспилотни летала полни со експлозиви, соопшти Армијата.

Владините сили возвратија со бомбардирање на областа Идлиб, последното упориште на бунтовниците во земјата. Осум лица загинаа, а 30 се ранети. Повеќе од половина милион луѓе загинаа во конфликтот во Сирија од почетокот на 2011 година. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан