• вторник, 24 декември 2024

Специјалитетот „путин“ нападнат поради Владимир Путин

Специјалитетот „путин“ нападнат поради Владимир Путин
Париз, 8 март 2022 (МИА) - Ресторан во Париз бил принуден да понуди објаснување откако клиентите погрешно разбрале дека неговото име, а во истовреме и главниот специјалитет, се инспирирани од рускиот претседател Владимир Путин. Ресторанот наречен „Куќата на путин“ (La Maison de la Poutine), се соочи со низа критики и недоразбирања од јавноста, по руската инвазија на Украина од 24 февруари. Рускиот претседател е нашироко осуден за неговите постапки од светските лидери. Верувајќи дека е така, некои луѓе го навредувале „Мејзо де ла путин“, па дури и му се заканувале на ресторанот за истоименото јадење, како што велат Твитер. Сепак, јадењето „путин“ (Poutine) не е именувано по Путин. Се работи за пржени компирчиња со сирење и сос, коешто е особено популарно во Канада, но и Франција и на други места низ светов. Специјалитетот, најверојатно потекнува од 1950-тите или 60-тите, од франкофонски Квебек, Канада. Нема никаква врска со рускиот претседател, но сепак, презимето на Путин, напишано и на француски, гласи „Путин“, што ја оправдува забуната. „Затоа, се чини, неопходно е да се потсетиме дека ’Мејзо де ла путин‘ не е поврзан со рускиот режим и нивниот лидер“, се вели во Твитер-објавата на ресторанот. Фирмата, исто така, јасно ѝ дава поддршка на Украина и „украинскиот народ кој храбро се бори за својата слобода против тиранскиот руски режим“, како што истакнуваат. Ресторан во Квебек, во меѓувреме, решил да го отстрани ова јадење од своето мени како начин на осуда кон рускиот претседател.  си/

Остани поврзан