• вторник, 24 декември 2024

Спасовски: Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек 

Спасовски: Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек 
Скопје, 2 април 2020 (МИА) - Премиерот Оливер Спасовски вечерва на својот Фејсбук статус го осуди насилството врз девојката од Штип и најави дека лично ќе се заложи сите владини институции најитно да постапат за девојката да биде веднаш заштитена, а насилниците да бидат што поскоро казнети. - Во овие моменти, сите мора да покажеме свест и одговорност, и политичарите, и медиумите и граѓаните. Ги повикувам медиумите и граѓаните да не го споделуваат вознемирувачкото видео, за да ја почитуваат приватноста на девојката. Никој не смее и нема право да биде насилен кон друг човек. Добро е што институциите веднаш постапија и очекувам резултати од тоа постапување наскоро. Ги охрабрувам сите оние кои сведочат, или пак самите се жртви на насилство да пуштат глас и да пријават, за институциите да постапуваат. Никој не треба да живее во страв или тортура, тоа е основно човеково право и зад тоа секогаш ќе стојам и лично како човек а и како институција, напиша Спасовски. бак/нд/

Остани поврзан