• недела, 24 ноември 2024

Спасовски: Со Отворен кабинет граѓаните ја препознаа подготвеноста нивните размислувања да бидат слушнати

Спасовски: Со Отворен кабинет граѓаните ја препознаа подготвеноста нивните размислувања да бидат слушнати

Скопје, 31 јули 2023 (МИА) - Во текот на изминатите проекти со кои го развиваме утврдениот концепт „МВР за граѓаните“ јас и мојот тим ја увидовме потребата на заедницата да биде поблиску не само до полицискиот службеник од нивното маало, туку своите идеи, прашања и проблеми да може да ги презентира и пред раководството, да даде сопствен придонес во безбедноста, да посочи некоја критична точка за да се најде соодветно решение во интерес на сите, изјави министерот за вантрешни работи Оливер Спасовски во интервју за порталот БРИФ во врска со новиот проект на МВР кој се реализира веќе два месеца, со одржани средби со граѓаните во Штип, Тетово, Струга, Битола, Кавадарци, Центарот за обука Идризово, Кампот за обука Лазарополе.

Тој додава дека идејата била лично и непосредно да ги слушне предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, нивните предлози за подобрување на безбедноста во заедницата во која живеат, да се слушне мислењето на секој еден граѓанин како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец,

Спасовски изразува задоволство што граѓаните ја препознаваат подготвеноста да бидат слушнати нивните размислувања и проблеми, па таа доверба помеѓу полицијата и заедницата и уште повеќе се зацврстува.

- Разговараме за безбедноста во сообраќајот, ги слушаме пофалбите за повидливото присуство на полицијата низ градовите, очигледни се контролите на сообраќајната полиција, намалувањето на нарушувањата на јавен ред и мир, на тешките кражби, на разбојништвата, ги слушаме предлозите во делот на управните работи, во делот на издавањето на одобренија – сето тоа создава перцепција кај граѓаните дека е многу подобрена безбедносната состојба, а тоа ни е заедничката цел. Со овие посети ќе продолжиме и во иднина, опфаќајќи различни места, давајќи можност на секој еден која сака да придонесе, да биде слушнато и земено предвид и неговото мислење, истакна меѓу другото Спасовски. цр/нд/

Фото:МИА

Остани поврзан