• сабота, 27 јули 2024

Спасовски на Света божествена литургија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски”

Спасовски на Света божествена литургија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски”
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со граѓаните верници, како што напиша на својот фејсбук-профил, присуствувал на Света божествена литургија во манастирот „Св. Јоаким Осоговски”, по повод празникот на чудотворецот кој е патрон на манастирот и светец-закрилник на Крива Паланка. - Свети Јоаким Осоговски бил светител и Божји угодник, кој не бил само човек кој правел подвизи и дал пример само за тоа време, туку подвизи за пример за сите генерации, за тоа како се живее со очистено срце и просветлен ум, на еден повисок духовен степен. Во име на подвизите на овој голем светец, на сите православни верници им посакувам добро здравје и духовен мир. Нека е за честит и за многу години празникот на Св. Јоаким Осоговски!, објави министерот Спасовски на Фејсбук. цр/дма/

Остани поврзан