Спасовски заедно со бугарската делегација на ХАРПУН 2022 во Охрид
- Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во Охрид заедно со бугарската делегација која присуствуваше на демонстрирањето на оперативно-тактичката вежба ХАРПУН 2022, посети дел
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во Охрид заедно со бугарската делегација која присуствуваше на демонстрирањето на оперативно-тактичката вежба ХАРПУН 2022, посети дел од убавините и знаменитостите што ги нуди градот.
Во Охрид, како што сподели на Фејсбук Спасовски, тие ги посетиле Црквата Света Софија, Старата охридска чаршија и нејзиниот заштитен знак - надалеку познатиот охридски бисер…
- Денешната заедничка вежба ХАРПУН 2022 е уште еден показател за покажување на проактивност и посветеност во борбата против тероризмот, а прошетката со нашите партнери од Бугарија по охридското крајбрежје нека биде уште една убава порака на пријателство, соработка и партнерство меѓу двете држави, објави Спасовски на својот Фејсбук профил. аа/са/