• понеделник, 26 август 2024

Спасовски: Граѓаните ја препознаваат подготвеноста да ги слушнеме

Спасовски: Граѓаните ја препознаваат подготвеноста да ги слушнеме

Скопје, 22 јули 2023 (МИА) - Задоволен сум од средбите со граѓаните во рамки на „Отворен Кабинет” - граѓаните ја препознаваат подготвеноста да ги слушнеме, со предлози кои доаѓаат директно од нив, кои заедно со тимот ги гледаме со огромно внимание, заради тоа што тоа се проблеми кои ги согледуваат и со кои се соочуваат и на тој начин можеме да имаме брзи решенија, објави министерот за внатрешни работи на неговата страна на фејсбук.

Министерот потенцира дека во рамки на овие средби граѓаните многу малку доаѓаат за лични работи, туку доаѓаат за општо добро на сите.

- Разговараме за безбедноста во сообраќајот, ги слушаме пофалбите за повидливото присуство на полицијата низ градовите, очигледни се контролите на сообраќајната полиција, намалувањето на нарушувањата на Јавен ред и мир, на тешките кражби, на разбојништвата..., ги слушаме предлозите во делот на управните работи, во делот на издавањето на одобренија... – сето тоа создава перцепција кај граѓаните дека е многу подобрена безбедносната состојба, напиша Спасовски.

Според објавата на министерот, низ сите досегашни средби низ цела држава, заеднички е констатирано  дека нема селективност во постапувањето, се постапува по сите предмети, без разлика за што се работи. сх/лв/

Фото: Фејсбук/Оливер Спасовски

 

Остани поврзан