• среда, 11 септември 2024

Спасовски: Вработувањето 600 нови полициски службеници е поради пензонирање на 870 вработени во МВР

Спасовски: Вработувањето 600 нови полициски службеници е поради пензонирање на 870 вработени во МВР
Охрид, 7 јуни 2022 (МИА) – Вработувањето на 600 нови полициски службеници е поради пензионирање на околу 870 лица од МВР и нема да биде дополнително финансиско оптеретување на буџетот, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. По средбата со раководството на СВР Охрид, одговарајќи на новинарски прашања за неопходноста на 600 нови вработувања во време на еконоска криза, нагласи дека безбедноста е битна и недостатокот на полицајци неоже да се надокнади на друг начин. – Економската криза е една работа, безбедноста е сосема друга работа. И ако нема безбедност ќе нема ни економски развој и мислам дека во било кои услови првото прашање секој од нас па и вие го поставувате во делот на безбедноста. Недостатокот од полициски службеници не може ништо друго да го надомести. Јас само ќе ви дадам како податок. Оваа година се пензионираат околу 870 лица од МВР, а ние вработуваме 600 лица. Ова е само заради компарација да знаете дека не се дополнителни финансиски средства, коишто ние ги бараме во буџетот, туку со сопствени финансиски средства коишто се на располагање на МВР, изјави Спасовски. Упати апел до сите млади кои се заинтересирани да бидат дел од македонската полиција да се пријават на огласот. -          Упатувам еден апел до младите луѓе, оние што се гледаат дел од македонската полиција да бидат, оние коишто сакаат да им служат на државата да се пријават на овој оглас, подвлече Спасовски. сс/аа/

Остани поврзан