• среда, 25 декември 2024

Спасовски: Благосостојбата и напредокот на граѓаните нераскинливо поврзани со безбедносната состојба

Спасовски: Благосостојбата и напредокот на граѓаните нераскинливо поврзани со безбедносната состојба
Скопје, 22 септември 2021 (МИА) - Република Северна Македонија најбезбедна држава на Западен Балкан, од 71 место за неколку години државата сега е на 40 место во светот. Цврсто сум уверен дека напредокот на Република Северна Македонија и благосостојбата на граѓаните нераскинливо се поврзани со безбедносната состојба. Ова предмалку го објави на својот официјален Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. - Денес, професионалноста и посветеноста се водилка во креирањето на успешните стратегиски политики за развој на безбедносниот систем во државата. Посветено работиме и продолжуваме со реформите и опремувањето на полицијата за понатамошно зајакнување на капацитетите и имплементацијата на европските стандарди, сѐ во интерес на граѓаните. Резултатите се гледаат и од истражувањата односно анкетите, но и од статистиките кои покажуваат намалување на криминалитетот, напиша Спасовски. На Фејсбук министерот Спасовски пишува дека продолжуваат понатаму со несмалено темпо, во служба на граѓаните. цр/лв/

Остани поврзан