• среда, 25 декември 2024

Спасовски: Антисемитизмот главно е поврзан со немоќта да се прифати одговорноста за сопствените неуспеси

Спасовски: Антисемитизмот главно е поврзан со немоќта да се прифати одговорноста за сопствените неуспеси
Скопје, 12 април 2022 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Меморијалниот Центар на Холокаустот на Евреите во Македонија, се обратил на Конференцијата во организација на ОБСЕ, посветена на Еврејската заедница на Северна Македонија, а е дел од проектот „Од зборови во дела“, што се очекува да предизвика конкретна акција на институциите на глобално ниво за справување со нетолеранцијата кон еврејската заедница. Како што објави не неговиот официјален фејсбук профил Спасовски, во својата суштина, антисемитизмот не се однесува на Евреите. - Во фокусот на антисемитизмот се антисемитистите. И, тој главно е поврзан со немоќта да се прифати одговорноста за сопствените неуспеси, а да се бара виновникот на некое друго место, што подалеку од нив самите. Сето ова го имавме предвид кога го креиравме концептот ‘Едно општество за сите’, поаѓајќи од фактот дека вистинските вредности на едно општество доаѓаат од способноста да го прифати и почитува различното - Северна Македонија претставува пример дека ваквата политика и овие вредности, како наша верба и определба, можат да функционираат и на Балканот, напиша Спасовски. Покрај ова, напиша министерот Спасовски, институциите се должни да бидат будни, особено при обликувањето на политиките за човековите права и слободи, за борба против антисемитизмот и расизмот, за глобална акција против говорот на омраза, но, и за брз, ефикасен одговор кон сите обиди за појава на каква и да е омраза – односно во состојба на една постојана превентивност во еден поширок меѓуинституционален аспект, кој што опфаќа низа општествени сегменти - образование, култура, социо-економски фактори и слично. - Од страна на МВР таквиот вид на омраза ќе биде благовремено детектиран и бескомпромисно спречен во својот корен. Но и сите останати институции во државата се широко отворени за иницијативи и идеи во насока на заедничко превенирање на таквите тенденции, објави Спасовски на ФБ. цр/дма/

Остани поврзан