„Спасете ги децата“: Во Газа на секои 10 минути се убива по едно дете
- Палестинскиот огранок на организацијата „Спасете ги децата“ денеска соопшти дека на секои 10 минути во Појасот Газа се убива по едно дете поради конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Ерусалим, 30 октомври 2023 (МИА) - Палестинскиот огранок на организацијата „Спасете ги децата“ денеска соопшти дека на секои 10 минути во Појасот Газа се убива по едно дете поради конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.
Според Џејсон Ли од организацијата, од 20 илјади повредени, секој трет е дете.
Тој додаде дека заразните болести се во пораст поради пренатрупаноста во болниците и лошите хигиенски услови и дека се плаши од ширење на сипаници и грип.
Според него, камионите кои доставувале хуманитарна помош во Појасот Газа се „само капка во океанот“.
-Хирурзите работат без анестезија, луѓето користат мобилни телефони како батериски ламби за да имаат светла во здравствените установи, рече Ли.
Тој предупреди дека моментално во Газа има 130 предвремено родени бебиња во инкубатори кои наскоро би можеле да се исклучат. мс/
фото: МИА архива