• среда, 27 ноември 2024

Спасени 53 мигранти, тројца загинати откако кај Крит потона брод

Спасени 53 мигранти, тројца загинати откако кај Крит потона брод
Атина, 14 септември 2020 (МИА) – Во спасувачката акција на грчката крајбрежна служба извлечени се безживотните тела на три лица, а спасени се 53 бегалци и мигранти, откако, од засега непознати причини, потонал бродот во кој што се превезувале источно од грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција соопштуваат дека во големата акција за спасување што почнала во попладневните часови, а е во тек, учествуваат два бродови и еден хеликоптер од воената морнарица, како и хеликоптер од военото воздухопловство, но и два брода што се во близина на местото каде што потонал чамецот во кој не е познат бројот на патници. Лошото време и силниот ветер дополнително ја отежнува спасувачката акција. ср/сд/

Остани поврзан